На официјалната интернет страна на ПСЖ беше соопштено дека играчот од репрезентацијата на Аргентина, Хавиер Пасторе го продолжил договорот со клубот до 2019-та година.
Претходниот договор на овој фудбалер истекуваше во летото наредната година.
Пасторе премина во ПСЖ од Палермо и од тогаш одигра 183 натпревари за тимот. Тој беше во основата на успесите на тимот во оваа сезона, во која ПСЖ повторно станаа шампиони и освоија вкупно 4 трофеи.
Аргентинецот одигра 34 натпревари, во кои постигна 5 гола и оствари 10 асистенции.
„Многу сум среќен. Ова беше најдобра година во мојата кариера. Таа беше посебна, бидејќи играв доста и се чувствува удобно на теренот. Горд сум на самиот себеси и на моите соиграчи, бидејќи без нив немаше да постигнеме ништо. Се надевам дека ќе продолжиме да освојуваме титули и да стигне до финалето во Лигата на Шампионите, што веќе се претвора во нашата главна цел. Верувам дека во наредните години ќе успееме да ја постигнеме, а зошто не уште следната сезона? На ова ќе се стремиме во иднина“, изјави Пасторе.