17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМОК со 45 спортисти ќе настапи на ЕИ во Баку

МОК со 45 спортисти ќе настапи на ЕИ во Баку

Logo_Tree

Македонскиот олимписки комитет (МОК) со 45 спортисти кои ќе се натпреваруваат во девет спортови ќе настапи на првите Европски игри, чиј домаќин во периодот од  12-ти до 28-ми јуни, ќе биде Баку, Азербејџан.

МОК во соработка и по предлог на Националните спортски федерации, почитувајќи ги правилата на Европските игри ги пријави спортистите кои ќе ја преставуваат Македонија.

Атлетика: Ристе Пандев, Кристиан Ефремов, Александар Стојановски, Илија Пајмакоски, Кокан Ајановски, Милош Ранчиќ,  Александар Таневски, Јованче Јанковски, Стефан Стефаноски, Дејан Ангеловски, Далибор Спасовски, Славе Коевски, Сашо Голубиќ, Валбона Селими, Дрита Исљами, Ангела Секулоска, Мери Јанкова, Андријана Поп Арсова, Марија Стојановска, Ивона Димитриеска, Ирена Темова, Мартина Мироска, Јулијана Велјаноска, Матеја Ефремовска, Кристина Јосифовска, Фросина Ристеска, Сермедие Љатифова, Вера Урдаревска.

Борење (слободен и грчко-римски стил): Бобан Данов, Халил Зубаиров, Дејан Митров, Јасмин Реџалари, Тимур Хамикоев.

Гимнастика: Иван Крстевски.

Карате: Мартин Несторовски, Емил Павлов.

Кајак: Константин Дејкоски.

Пливање: Љупчо Ангеловски, Ана Марија Дамјановска, Јана Серафимовска.

Самбо: Бајро Машовиќ.

Стрелаштво: Нина Балабан.

Џудо: Катерина Николоска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП