Левиот бек на Барселона, Жорди Алба, се согласил да го продолжи договорот со клубот до јуни 2020-та година.
Алба во наредните денови ќе го стави својот потпис на договорот, а клубот ја определи откупната клаузула за 26-годишниот лев бек која изнесува 150 милиони евра.
Алба во 2012-та година, за сума од 14 милиони евра, од Валенсија пристигна во Барселона, за тимот од „Ноу Камп“ има одиграно 113 натпревари на кои постигнал седум голови.
За шпанската селекција со која ја освои европската титула (2012) постигнал пет голови на 33 натпревари.