Австрискиот ракометен репрезентативец Јанко Божовиќ (32) во наредните две сезони ќе го носи дресот на Металург.
Божовиќ минатата сезона настапуваше во најдобриот белоруски тим Брест Мешков, тој со екипата од Автокоманда потпишал двегодишен договор.
„Потпишав двегодишен договор со македонскиот тим Металург. Се надевам на најдоброто. Се работи за одличен тим со голема традиција. И покрај тоа што во Металург наредната сезона ќе играта многу млади ракометари, целите и мабициите на клубот се високи“, изјавил Божовиќ за официјалната интернет страница на Брест Мешков.