5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА најавува бојкот на ФИФА и организација на свој Мундијал

УЕФА најавува бојкот на ФИФА и организација на свој Мундијал

blater platini

Европските фудбалски нации, незадоволни од реизборот на Сеп Блатер за претседател на ФИФА, но и поради корупцискиот скандал кој ја тресе организацијата, ја разгледуваат можноста за организација на сопствен Мундијал во 2018-та година, пишува порталот „independent.co.uk“. На оваа тема европските фудбалски нации закажале состанок, кој ќе се одржи во петок во Берлин.

Истиот извор наведува дека планот е да се бојкотира ФИФА Мундијалот во 2018-та година и репрезентациите кои се членки на УЕФА заедно со уште некои репрезентации од Јужна Америка да организираат свој Мундијал.

Алан Хансен, пензиониран дански детектив, кој сега се наоѓа во Извршниот комитет на УЕФА смета дека бојкотот на ФИФА Мундијалот е единствениот начин да се воведат реформите во најмоќната спортска федерација во светот.

Европските фудбалски нации веќе одржаа еден состанок, во Варшава непосредно пред Конгресот на ФИФА на кој Блатер доби нов мандат, кога Хансен на маса го ставил својот предлог пред 54-те земји членки на УЕФА.

Наредниот состанок ќе биде во петок, пред одигрувањето на финалето во Лигата на шампионите во германската престолнина Берлин.

Претпоставките се дека Блатер не би можел да го издржи бојкотот на најголемите европски селекции, бидејќи таков бојкот финансиски тешко би ја погодил ФИФА. Имено ФИФА од спонзори по Светско превенство заработува околу четири милијарди долари.

Конечната одлука за бојкотот се претпоставува дека ќе биде донесена на 17-ти септември. Хансен бојкотот и организирање на друг турнир го нарекол најрадикална опција.

Инаку УЕФА внатере во организацијата ќе мора да реши многу работи, бидејќи на Конгресот на ФИФА за реизборот на Блатер гласале 10 до 15 земји, меѓу кои и моќните сојузи на Франција и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП