28 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Сити - Сите карти на Иско!

Манчестер Сити – Сите карти на Иско!

iki2

„Граѓаните“ ја идентификуваа својата примарна цел за летниот преоден рок, јавуваат англиските медиуми.

Уште пред да ги засили редовите на Реал Мадрид, Иско како најдобар млад играч во Европа беше поврзуван со Манчестер Сити.

Трансферот се чинеше дека е речиси сигурен, но „кралскиот“ клуб интервенираше и ги „помати“ сметките на премиерлигашите.

Иско доби можност да ја покаже својата вредност и во тоа успеа, иако не добиваше голема минутажа и шанса колку што посакуваше и колку што навивачите сметаа дека заслужува. Во комбинација со Хамес Родригез и Герет Бејл, Иско добиваше лимитирано време на теренот, па поради тоа се погласни беа шпекулациите дека тој би можел да си побара нова средина во која ќе биде централна фигура.

Таа можност, според медиумите на Островот, може да му ја понуди токму Манчестер Сити. Англичаните најверојатно сакаат да изградат нов тим во чиј центар на случувањата ќе биде токму Иско, кој би можел да биде наследник на Јаја Туре на средината на теренот.

Неговата откупна клаузула изнесува 150 милиони евра, но медиумите шпекулираат дека Реал Мадрид би се согласил да го продаде својот фудбалер за понуда вредна 45 милиони евра.

Инаку, најавите за трансфер се зголемуваат откога во шпанските медиуми се почесто се шпекулира за доаѓањето на Верати на „Сантијаго Бернабеу“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП