9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНикол Хосп објави крај на кариерата

Никол Хосп објави крај на кариерата

nikol hosp 22

Австриската скијачка Никол Хосп објави дека става крај на активната кариера.

„Чувствувам дека сега е вистински момент за промена во мојот живот“, рекла 31-годишната Хосп.

Од почетокот на својата кариера Хосп се натпреварувала во сите пет дисциплини, а не успеала да победи во Светскиот куп само во спуст. Иако во оваа дисциплина никогаш не победила, има бронзен медал од СП во Оре во 2007-ма година.

Хосп во кариерата забележала 12 победи, а првата била во 2002-ра на легендарниот велеслалом во Зелден кога таа победи заедно со Тина Мазе и Адрина Флемен. Тоа е првата трка во која три скијачки се искачиле на највисокото скалило на победничкиот пиедестал.

Хосп во кариерата има освоено три олимписки медали, а најголемиот успех го постигнала во 2007-ма година кога го освои големиот кристален глобус во Светскиот куп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП