18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБербатов замина од Монако

Бербатов замина од Монако

berbatov monako

Фудбалскиот клуб Монако објави дека Димитар Бербатов повеќе не е дел од тимот. Поранешниот бугарски репрезентативец изминатите недели се наоѓа во плановите на новиот премиерлигаш Борнмут.

„Монако сака да му се заблагодари на Димитар Бербатов за сè она што го направи за клубот, тој е голем шампион. Неговиот карактер, талент и професионализам му помогнаа на тимот да ги оствари своите цели во Лига 1 и Лигата на шампионите“, стои во соопштението на Монако.

Клубот од „малото кнежевство“ исто така објави дека во клубот од следната сезона нема да биде ниту голманот Мартин Стекеленбург, кој како позајмен играч од Фулам настапуваше за Монако.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП