3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДрама во Карлсруе ХСВ остана во Бундеслигата

Драма во Карлсруе ХСВ остана во Бундеслигата

download669

Екипата на Хамбург (ХСВ) избегна елиминација од Бундеслигата откако го доби бараж двомечот против Карлсруе со вкупни 3:2. На првиот меч во Хамбург резултатот беше 1:1, а во реваншот ХСВ победи по продолженијата со 1:2.

ХСВ беше на 120 секунди од преселба во Цвајта (втората германска лига) но Дијаз од слободен удар го израмни резултатот и го однесе мечот во продолженија. Конечниот резултат и победата на ХСВ, која значи опстанок во Бундеслигата, го постигна Милер во 115.минута.

Претходно во регуларниот дел од натпреварот, во 78.минута, резервниот фудбалер на Карлсруе го постигна водечкиот гол.

Домашниот тим во 120.минута не успеа да реализира удар од ‘белата точка’.

ХСВ е единствениот тим кој од од формирањето на Бундеслигата во 1963 година, тимот во претходните 52 години освоил шест шампионски титули, една во Купот на шампионите (1983), три пати бил победник на националниот Куп, а два пати на Лига купот.

ХСВ е основан во 1887 година поради што го носи прекарот Диносаур.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП