18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите на Вардар ја прославија титулата

Ракометарите на Вардар ја прославија титулата

Image (14)

Со победата над Радовиш (35:23) ракометарите на Вардар ја завршија сезоната 2014/2015 во која ја освоија двојната круна во домашното првенство.

Вардарци ја освоија петтата двојна круна во домашното првенство, прва по пауза од осум години.

Мечот со Радовиш беше последен за шестмина ракометари во „црвено-црниот“ дрес, од кои клубот се прости со пригодни подароци. Вардар го напуштаат Добривоје Марковиќ, Алексеј Растворцев, Немања Прибак, Михаил Чипурин, Владимир Петриќ и Стефан Терзиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП