16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп ќе паузира неодредено време

Клоп ќе паузира неодредено време

klop

Германскиот тренер Јирген Клоп објави дека ќе направи пауза во кариерата, без да прецизира кога повторно ќе ѝ се врати на тренерската работа.

Клоп беше тренер на Борусија Дортмунд во изминатите седум години, со Борусија освои две шампионски титули во Бундеслигата и играше финале во Лигата на шампионите.

Откако објави дека ќе го напушти Дортмунд се поврзуваше со неколку европски екипи, а како најсериозно заинтересирани за неговите услуги се споменуваа Наполи и Ливерпул.

Последен пат на клупата на тимот од Дортмунд Клоп седеше во саботата кога „жолто-црните“ го загубија од Волфсбург финалето во националниот Куп.

Клоп на клупата на Борусија ќе го наследи поранешниот тренер на Мајнц, Томас Тухел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП