ПочетнаИНТЕРЕСНОКрон-Дели двe години во Севилја

Крон-Дели двe години во Севилја

Image (13)

Доскорешниот фудбалер на Селта од Виго, Михале Крон-Дели, кариерата ќе ја продолжи во Севилја, потврди клубот од Андалузија. Данскиот репрезентативец потпишал двегодишен договор, а во Севилја се пресели како слободен играч бидејќи му заврши договoрот со Селта.

Крон-Дели во штотуку завршената сезона во Примера за тимот од Виго постигнал еден гол на 36 натпревари. Претходно 31-годишниот фудбалер играл за РКЦ, Ајакс, Спарта од Ротердам и Брондби.

Тој е стандарден репрезентативец на Данска за која настапил на 49 натпревари.

Севилја во наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, откако пред една недела ја одбрани титулата во Лига Европа.