26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ против Надал во четвртфиналето на Ролан Гарос

Ѓоковиќ против Надал во четвртфиналето на Ролан Гарос

add

Двајцата најголеми фаворити за титулата на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, изборија меѓусебен дуел во четвртфиналето на вториот Грен слем во сезоната. Покрај Ѓоковиќ и Надал, четврфинале во машка конкуренција избори и Енди Мари со победата во четири сета над Жереми Шарди.

Ѓоковиќ за нешто помалку од два часа забележа убедлива победа над Ришар Гаске со 6:1, 6:2 и 6:3.

Надал загуби сет против Американецот Џек Сок, но успеа да ја забележи својата 70-та победа во Париз. Надал славеше со 6:3, 6:1, 5:7, 6:2 по три часа игра.

Пресметката во четвртфиналето ќе биде вкупно 44-та меѓу Ѓоковиќ и Надал, Шпанецот во меѓусебните дуели води со 23-20.

Три часа на теренот мина и Енди Мари тој со 6:4, 3:6, 6:3, 6:2 славеше над Жереми Шарди и во четвртфиналето ќе игра против Давид Ферер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП