Фудбалерот на Манчестер Сити, Јаја Туре, потврдил дека ќе остане во клубот со што стави крај на шпекулациите дека по завршувањето на сезоната ќе си замине од „Итихад“ стадионот.
Шпекулациите за иднината на Туре започнаа изминатиот месец кога менаџерот на фудбалерот, Димитри Селук, рекол дека неговиот клиент ќе го напушти Сити. Сепак Селук минатата недела самиот се демантираше дека постигнал договор со челниците на Сити, играчот да остане во клубот.
„Дефинитивно останувам. Навивачите не треба да бидат загрижени. Сигурен сум дека со своето искуство, и се надевам со нови играчи, можеме да бидеме успешни во наредната сезона“, рекол Јаја Туре.
Репрезентативецот на Брегот на Слонова коска, во Сити пристигна во 2010-та година од Барселона. Тој беше клучниот играч во 2012-та и 2014-та година кога „граѓаните“ ги освојуваа титулите во Премиер лигата.
Штотуку завршената сезона Манчестер Сити ја заврши без освоен трофеј.