ПочетнаИНТЕРЕСНООбрван го објави списокот за дуелите со Швајцарија и Чешка

Обрван го објави списокот за дуелите со Швајцарија и Чешка

ivica obvrvan 22

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, го објави поширокиот списокот на играчи на кои смета за последните две квалификациски средби против Швајцарија и Чешка.

Во националниот тим Обрван повторно го повика Дарко Димитриевски, а меѓу повиканите е и Ренато Вугринец кој го пропушти двомечот со Франција.

Првиот собир репрезентативците ќе го имаат на 8-ми јуни, два дена подоцна ќе гостуваат во Швајцарија, додека на 14-ти јуни ќе ја пречекаат Чешка во Скопје.

Списокот на Обрван за мечевите со Швајцарија и Чешка:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Петре Ангелов, Стефан Кимевски.

Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Златко Мојсоски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Влатко Недановски.

Пивотмени: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски.

Бекови: Милорад Кукоски, Наумче Мојсовски, Филип Лазаров, Ацо Јоноски, Велко Марковски, Филип Талески, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Кирил Лазаров, Ренато Вугринец, Горан Кузмановски, Дарко Димитриевски, Никола Стојчевски, Влатко Мирков, Лазо Мајнов.