18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлан: Алвес нема да дојде во ПСЖ

Блан: Алвес нема да дојде во ПСЖ

dani alves 00

Тренерот на ПСЖ Лоран Блан ја отфрлил можноста десниот бек на Барселона, Дани Алвес да го засили неговиот тим, пренесува Marca. Договорот на Бразилецот со Барселона истекува на 30-ти јуни.

„Мислам дека Алвес ќе го продолжи договорот со Барселона“, смета Лоран Блан.

Бразилецот изминатиот период изјавуваше дека е незадоволен од статусот и платата во Барселона и дека сериозно размислува за заминување.

Алвес прецизирал дека плановите за својата иднина ќе ги открие по финалето во Лигата на шампионите кое ќе се одигра на 6-ти јуни во Берлин.

Бразилскиот бек во Барселона пристигна во 2008-ма година и на 342 натпревари постигнал 20 голови. Со Каталонците тој ги има освоено сите титули во клупскиот фудбал.

Пред Барселона, Алвес шест години беше дел од Севилја, а за бразилската репрезентација има одиграно 79 натпревари и постигнато шест голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП