22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико подготви 20 милиони евра за да му ја исполни желбата на...

Атлетико подготви 20 милиони евра за да му ја исполни желбата на Симеоне

vieto colo

Напаѓачот на Виљареал Луциано Вието е се поблиску до трансфер во Атлетико Мадрид. „Јорганџите“ се подготвени да ја активираат ослободувачката клаузула во договорот на напаѓачот, која е во вредност од 20 милиони евра.

Арсенал и Ливерпул исто така се подготвени да ја платат оваа сума, но ако дојде до опција, во која треба да избира меѓу три тима, Вието речиси сигурно ќе се одлучи за Атлетико.

Причините се неколку. Прво, тој се прилагодува многу успешно кон шпанскиот фудбал во дебитантската сезона во Примера и тешко е да се поверува дека ќе ризикува толку бргу да ја смени средината. Покрај тоа, Вието се смета за миленик на Диего Симеоне, кој го зема во Расинг, од каде подоцна го купи Виљареал.

Симеоне покажа дека добро се согласува со младиот напаѓач и по натпреварот меѓу Атлетико и „жолтата подморница“ на „Висенте Калдерон“, кога татковски го прегрна и му честиташе за победоносниот гол. Не е за занемарување и фактот дека со мадриѓаните, Аргентинецот ќе може да игра во Лигата на Шампионите, нешто што Ливерпул не може да му го понуди.

„Ако некој клуб ја плати клаузулата од мојот договор, ќе е најдобро за сите“, неодамна изјави 21-годишниот напаѓач.

Тој постигна 12 гола во Примера и стана едно од откритијата на првенството. Неговиот договор со Виљареал е до 2019-та година и клубот сака да го обнови, со цел да му стави повисока ослободувачка клаузула, но тоа најверојатно нема да се случи.

Сега топката е во полето на Вието и неговиот агент. Напаѓачот веројатно е решен да го напушти „Ел Мадригал“ и е прашање на денови е, каде тој ќе ја продолжи кариерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП