12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛудница во Неапол, Лацио во ЛШ, Игуаин трагичар

Лудница во Неапол, Лацио во ЛШ, Игуаин трагичар

293C8E9B00000578-3104999-image-a-31_1433105933952

Фудбалерите на Лацио го совладаа Наполи со 4:2 во последното коло во Серија А и изборија пласман во квaлификациите во Лигата на шампионите. Лацио во пресрет на последното коло имаше три бода повеќе од Наполи и му беше неопходен бод за да ја сочува третата позиција на табелата, додека Наполи само со победа можеше да стигне до квалификациите во ЛШ.

Лацио во првото полувреме стекан предност од 2:0 со головите на Пароло и Кандрева, но Наполи таа предност ја поништи во вториот дел со двата гола на Игуаин. Сепак Аргентинецот наместо да биде херој стана трагичарот на Наполи откако во 76. минута не успеа да погоди од белата точка.

Промашувањето на Игуаин Лацио го казни во финишот со головите на Онази и ветеранот Клосе.

Мечот против Лацио беше последен за Рафа Бенитез на клупата на Наполи, тој од наредната сезона ќе го предводи Реал.

Шампионската титула во Серија А ја освои Јувентус кој заедно со Рома избори директен пласман во ЛШ, додека Лацио ќе игра во квалификациите. Фиорентина и Наполи ќе играат во Лига Европа, а во квалификациите во ова натпреварување ќе игра Џенова. Од Серија А испаднаа Каљари, Чезена и Парма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП