22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ на чекор до одбрана на титулата

МЗТ на чекор до одбрана на титулата

kosarka-basket

Кошаркарите на МЗТ Скопје поведоа во финалната серија против Куманово со 2-0, откако во вториот меч, по продолжението, славеа на теренот на противникот со 107:102.

Актуелниот шампион го искористи искството и од загубена позиција успеа да избори продолженија, откако во последната четвртина надополни негатива од 11 поени.

Драмата се случуваше во последните 15 секунди, при резултат 86:85 Костовски промаши две слободни фрлања, потоа Симоновски лошо организираше акција за МЗТ, а кога Караџовски беше прецизен од линијата за слободни фрлања (88:85), Кумановци помислија дека ја обезбедија победата.

Потоа на две секунди до крајот Чапин го погоди првото, намерно го промаши второто слободно фрлање, топката среќно стигна до Симоновски кој со звукот на сирената го израмни резултатот.

Во продолжението пресуди искуството на МЗТ, ивниот прецизен шут од далечина и катастрофалната реализиција на слободните фрлања на домашните кошаркари.

Шеховиќ со 23 поени и 12 скокови, односно Симоновски со 21 поен го предводеа МЗТ, каде забележителна улога имаа и Чапин (19 поени, 9 скокови) и Мијатовиќ (16 поени, 8 скокови).

Кај Куманово Џекиќ постигна 23 поени, Мандиќ 19, а Луковиќ оствари ‘дабл-дабл’ од 20 поени и 10 скокови.

МЗТ во финалната серија води со 2-0 и за да ја одбрани титулата потребна му е уште една победа. Третиот меч ќе се одигра во вторник, а домаќин ќе биде МЗТ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП