20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРГ: Четвртфинале за Вавринка, Нишикори, Цонга, Ивановиќ и Свитолина

РГ: Четвртфинале за Вавринка, Нишикори, Цонга, Ивановиќ и Свитолина

Image (8)

Стен Вавринка, Кеи Нишикори и Жо-Вилфред Цонга во машка, односно Ана Ивановиќ и Елина Свитолина во женска конкуренција изборија пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос, додека Гаел Монфилс и Роџер Федерер својот меч ќе го доиграат во понеделник.

Вавринка на убедлив начин го мина Жил Симон во осминафиналето, тој славеше со 6:1, 6:4, 6:2 и за полуфинале ќе се бори со победникот од мечот помеѓу Монфилс и Федерер. Мечот на овие двајца е прекинат при резултат во сетови од 1:1.

Домашниот миленик Цонга во осминафиналето го елиминираше четвртиот носител Томаш Бердих од Чешка. Цонга славеше со 3:1 (6:3, 6:2, 6:7, 6:3) и во четвртфиналето ќе игра против Кеи Нишикори кој славеше над Тејмураз Габашвили со 6:3, 6:4, 6:2.

Кај дамите Ана Ивановиќ избори четвртфинале по победата над Екатерина Макарова (7:5, 3:6, 6:1). Ивановиќ прв пат по 2008 година се наоѓа меѓу осумтте најдобри на Ролан Гарос, тогаш таа ја освои својата прва и засега единствена Грен слем титула.

Нејзина противничка во четвртфиналето ќе биде Украинката Елина Свитолина која во два сета (6:2, 7:6) ја победи Ализ Корне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП