5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛазаров со Барселона ја освои Европа

Лазаров со Барселона ја освои Европа

V

Ракометарите на Барселона ја освоија титулата во Лигата на шампионите во сезоната 2014/2015, која е вкупно деветта во клупската историја. На завршниот турнир во Келн Барселона во финалето го совлада Веспрем со 28:23 (14:10). Третото место во Келн му припадна на Киелце, во малото финале полскиот шампион славеше над Кил со 28:26.

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, кој на почетокот се здоби со повреда, не играше многу во финалето, стигна до својата пра титула во ЛШ. Сепак Лазаров ќе биде запишан во историјата на Барселона како најдобар стрелец на тимот со 106 голови, во сезоната во која е освоена деветтата титула.

Покрај Лазаров првата своја титула ја освои и Исланѓанецот Валур Сигурдсон кој претходно со три различни екипи, исто толку пати го губеше мечот за титулата.

Барса заслужено ја освои титулата, трета во сезоната откако претходно ја освои двојната круна во Шпанија. Од почетокот до крајот Каталонците го диктираа ритамот, а благодарение на ‘подолгата’ клупа лесно го одржуваа високото ниво во играта.

Клучната предност Барселона ја направи во финишот на првиот дел кога Карабатиќ постигна четири од своите шест гола. Веспрем имаше можност да се врати во мечот, но в средишницата на второто полувреме играчите на овој тим не искористија три напади при резултат 19:17.

Кога Каталонците го одбија овој напад лесно ја вратија предноста од пет гола на своја страна и на крајот стинаа до титулата.

Сигурдсон и Карабатиќ со по шест голови ја предводеа Барселона, додека кај Веспрем најефикасен беше Наѓ со осум, а Илиќ со пет гола стигна до бројката од 114 голови во сезоната и ја одбрани титулата најдобар стрелец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП