17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФалкао ја предводи Колумбија на Копа Америка

Фалкао ја предводи Колумбија на Копа Америка

Image (6)

Селекторот на Колумбија, Хосе Пекерман, го именуваше Радамел Фалкао за капитен на репрезентацијата која ќе настапи на Копа Америка.

„Имаме целосна доверба во Фалкао, тој е важен за овој тим. Очекуваме дека ќе го достигне максимумот играјќи за Колумбија на Копа Америка“, рекол Пекерман.

Аргентинецот на клупата на Колумбија го соопшти списокот на играчи кои ќе настапат на Копа Америка од 11.јуни до 4.јули, најголем дел од играчите играа на СП во Бразил минатото лето.

Покрај Фалкао лидер на тимот треба да биде Хамес Родригез, најдобриот стрелец на СП, а многу се очекува и од Камило Зунига (Наполи) кој неодамна се рехабилитираше од повредата.

Колумбија на Копа Америка ќе игра во Ц групата заедно со селекциите на Бразил, Перу и Венецуела, а пред почетокот на турнирот ќе одигра контролен меч со Костарика во Буенос Аирес.

Во А групата ќе играат домаќинот Чиле, Мексико, Еквадор и Боливија, а во Б групата се Аргентина, Уругвај, Парагвај и Јамајка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП