20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал потврди: Бенитез е наследникот на Анчелоти

Реал потврди: Бенитез е наследникот на Анчелоти

rafa

Потпретседателот на Реал, Едуардо Фернандес де Блас потврдил дека Рафаел Бенитез ќе биде новиот тренер на ‘кралскиот клуб’, односно дека ќе го наследи Карло Анчелоти кој минатата недела доби отказ, пренесе агенцијата Reuters.

Бенитез најави дека по завршувањето на сезоната ќе замине од Наполи кога и започнаа шпекулациите дека тој ќе биде новиот тренер на Реал, што во неделата официјално го потврди Де Блас.

„Анчелоти е апсолутен феномен и поради тоа мора да му одадеме признание. Пред три дена тој беше најдобриот тренер на светот, исто како што пред две години беше Жозе Мурињо, а од оваа недела тоа ќе биде Бенитез“, рекол Де Блас.

Инаку, Карло Анчелоти ја имаше поддршката на играчите, но доби отказ од раководството бидејќи сезоната ја заврши без освоен трофеј.

Реал во среда ќе го престави Бенитез како нов тренер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП