Јувентус презеде изненадувачки потег и предложи 9 милиони фунти (12,5 милиони евра) за играчот за врска на Челзи Оскар. Ова го соопшти британскиот весник „Мирор“.
Збирот реално се јавува и е половина од трансферната цена која лондончани ја платија за Бразилецот во 2012-та година, поради што италијанскиот шампион веднаш бил одбиен.
Ова сепак не е прв пат Јуве да биде поврзуван со Оскар, но на „Стемфорд Бриџ“ биле изненадени од најниската понуда.ќ
Другата опција за „бјанконерите“ е да се обидат да го земат плејмејкерот на позајмица со опција за откупување, која ќе ја искористат во 2016-та година.
Очигледен е стремежот на екипата од Торино сериозно да го зајакнат составот за следната сезона. Тие веќе си обезбедија две солидни нови засилувања во лицето на напаѓачот Паоло Дибала и Сами Кедира кој си заминува од Реал Мадрид. Германецот уште не потпишал формално, но се очекува тоа да се случи во наредните денови.