6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити го дава Џеко на Ливерпул, за да го земе Стерлинг

Сити го дава Џеко на Ливерпул, за да го земе Стерлинг

edin sterling

Раководството на Ливерпул во моментов размислува за понудата на Манчестер Сити за Рахим Стерлинг, затоа што „граѓаните“ нудат пари плус Един Џеко за англискиот репрезентативец.

Поранешниот фудбалер на Квинс Парк Ренџерс во моментов не е толку омилен кај навивачите, бидејќи одби голем број предлози да го обнови договорот, а неговиот агент отворено се закани дека неговиот клиент ќе го напушти клубот, какви пари и да му понуди Ливерпул.

Токму „црвените“ му дадоа шанса на фудбалерот со само 17 години и 107 дена, со што го претворија во третиот најголем млад дебитант во историјата. По доаѓањето на Брендан Роџерс како менаџер играчот постепено се етаблира како стартер, но со тоа почнаа и претензиите да биде високо вреднуван.

Во моментов сите водечки тимови во Англија ја следат ситуацијата околу Стерлинг, а Сити е подготвен да извади солидна сума пари и да го испрати Един Џеко во насока кон „Енфилд“. Тоа е прилично примамлив предлог за „црвените“, за кои е јасно дека ќе бараат нов напаѓач по неуспешната сезона на Даниел Стариџ, Марио Балотели и Рики Ламберт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП