17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ убедливо до 1-0 во серијата против Куманово

МЗТ убедливо до 1-0 во серијата против Куманово

Image (3)

Кошаркарите на МЗТ Скопје поведоа во финалната серија, во домашното првенство, откако во првиот меч славеа над Куманово со 94:79 (30-19, 22-11, 23-21, 19-18).

Играчите на актуелниот шампион во текот на сите 40 минути го контрлираа натпреварот, на стартот од второто полувреме имаа предност од 21 поени, а на моменти во првата и последната четвртина и предност од 17 поени.

Стефан Синовец со 25 поени беше најефикасен играч на мечот, а покрај него кај МЗТ се истакна репрезентативецот Предраг Самарџиски со 15 поени и 14 скокови, додека Куманово го предводеше Александар Костовски со 20 поени.

Вториот меч ќе се одигра в недела во Куманово, а титулата ќе ја освои екипата која прва ќе стигне до три победи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП