Колумбискиот напаѓач Карлос Бака на лето би можел да стане играч на Манчестер Јунајтед.
Напаѓачот на Севиља зад себе има одлична сезона. Постигна 28 голови од што последните два во финалето на Лига на Европа.
Веќе неколку месеци се шпекулира дека Бака би можел да се пресели во Премиерлигата, главно беше споменуван Тотенхем, но во игра се вклучил и Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ бараат засилувања за нападот бидејќи Робин ван Перси е веќе во години, а се откажале од купување на Радамел Фалкао, коментираат медиумите на Oстровот.
Се шпекулира дека Севиља за Бака би можела да добие околу 20 милиони фунти.