21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПодолски се договорил со Галатасарај

Подолски се договорил со Галатасарај

Lukas-Podolski_32

Лукас Подолски ќе ја продолжи кариерата во Галатасарај. Иднината на фудбалерот не е поврзана ниту со Арсенал, ниту со Интер, каде играше под наем во вториот дел од сезоната, пишува „Sport Mediaset“.

Германскиот репрезентативец веќе се договорил со раководството на Галатасарај и се очекува во почетокот на следната недела да патува до Истанбул за медицински прегледи.

Подолски се најде во немилост кај Арсен Венгер и многу ретко се појавуваше во игра за Арсенал од почетокот на сезоната.

Во зимскиот преоден рок, тој беше позајмен на Интер, каде сепак не ги оправда големите очекувања.

Договорот на Подолски со Арсенал е до 2016-та година. Тој ќе премине во Галатасарај како позајмен играч за една сезона, а потоа ќе стане слободен играч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП