27 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏејмс најмоќен во САД

Џејмс најмоќен во САД

lebron

Ѕвездата на Мајами Хит, Леброн Џејмс е прогласен за најмоќен спортист во САД на традицнионалниот избор кој го прави „Bloomberg“.

Џемјс славеше со 89.26 бодови пред голферот Тајгер Вудс кој имаше 86.01 и квотербекот на Денвер, Пејтон Менинг кој се најде на третата позиција.

Четвртото место го зазема квотербекот на Њу Ореланс, Дру Брис, а во првите пет се најде и тенисерот Роже Федерер кој воедно е и највисоко рангиран Европеец.

Најдобро рангирана кај дамите е тенисерката Серена Вилијамс која е на 12-тото место.

Меѓу 100 најмоќни спортисти се наоѓаат 85 мажи и 15 жени. Во однос на минатогодишната листа дури 39 спортисти за првпат се појавуваат на ова рангирање, а од спортовите најмногу играчи има од американскиот фудбал, дури 24, а зад нив се кошаркарите со 14 претставници.

Оваа листа се прави врз основа на учинокот на спортистите на натпреварувањата во САД, популарноста, вредноста на спортските договори и според бројот на пријатели на друштвените мрежи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП