18 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: ГС ќе игра во финалето против Кливленд

НБА: ГС ќе игра во финалето против Кливленд

gs finale 00

Кошаркрите на Голден Стејт Вориорс по пауза од 40 години избори пласман во големото финале во НБА. Стеф Кари и друштвото славеа над Хјустон со 104:90, во петтиот меч од финалето во Западната конференција, добивајќи ја серијата со 4:1.

Голден Стејт кој во регуларниот дел од сезоната имаше скор од 67 победи и 15 порази, со триумфот над Хјустон ја освои титулата во Западната конференција.

Голден Стејт лошо го отвори мечот, во првиот период постигна само 17 поени, најмалку оваа сезона во една четвртина, а на полувреме Вориорс имаа предност од шест поени.

Истата предност домашниот состав ја имаше и по третиот период, а отпорот на Хјустон го скрши во последната четвртина. Човек на одлука беше Херисон Барнс кој во последниот период постигна 13 од своите 24 поени.

Стеф Кари мечот го заврши со 26 поени, осум скока, шест асистенции и пет украдени топки, додека Клеј Томпсон уфрли 20 поени.

Хјустон го предводеше Двајт Хауард со 18 поени и 16 скокови, а по 16 поени постигнаа Џејсон Тери и Кори Бруер.

Катастрофален меч одигра најдобриот играч на Хјустон кој за 43 минути игра постигна 14 поени (2/11 шут од поле). Покрај тоа Харден постави негативен рекорд во плејофот бидејќи натпреварот го заврши со 13 загубени топки.

Финалната серија ќе стартува во ноќта помеѓу четврти и петти јуни, а противник на Голден Стејт ќе му биде тимот на Кливленд. Шампион ќе стане тимот кој прв ќе стигне до четири победи, а се игра по системот 2-3-2, првите две средби ќе се одиграат на теренот на Голден Стејт во Оукленд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП