ПочетнаИНТЕРЕСНОКнижевно пладне со истакнатиот македонски писател Миле Неделкоски

Книжевно пладне со истакнатиот македонски писател Миле Неделкоски

оол

Книжевно пладне по повод 80 години од раѓањето на истакнатиот македонски писател Миле Неделкоски ќе се одржи денес напладне во спомен-собата на Миладиновци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје.

За делото на Неделкоски ќе зборуваат Санде Стојчевски и Братислав Ташковски, а делови од творештвото ќе интерпретира актерот Томе Витанов.

Миле Неделкоски e еден од најплодните македонски писатели. Пишува поезија, раскази, романи, драми, сценарија и есеи. Застапуван е во поетски и прозни антологии, а панорами од неговата поезија се публикувани на повеќе европски и светски јазици. Одделни книги се објавени на унгарски, романски, италијански, шпански и бугарски јазик.

Според неговиот роман „Подгревање на вчерашниот ручек“, по негово сценарио, снимен е долгометражен игран филм. Добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“ и на меѓународната награда „Димитар Талев“.

Миле Неделкоски е автор на дванаесет книги поезија, седумнаесет прозни дела, две книги есеи и две драми кои се поставени на сцената на Драмскиот театар во Скопје.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП