5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗомимак ја доби битката за второто место

Зомимак ја доби битката за второто место

зоми666

Ракометарите на Зомимак славеа на Металург со 21:20 (12:13) и се многу блиску до освојување на втората позција во првенството која им носи пласман во СЕХА лигата.

Зомимак до второто место може да стигне благодарение на подобриот меѓусебен скор со Металург бидејќи на првиот меч во Скопје загуби со 22:21.

Дуелот во Струмица Металург го контролираше во првото полувреме кога неколку пати имаше предност од три гола, но таа предност избраниците на Лино Червар ја испуштија во финишот на првото и почетокот на второто полувреме.

Зомимак одигра добра одбрана, а Металург беше неорганизиран во нападот во периодот од 38. до 50 минута . Во тој период Зомимак успеа да направи предност од четири гола (19:15).

Сепак Металург успеа да се врати во мечот, во последните пет минути при резултат 21:19 неговите играчи имаа два напади од кои реализираа само еден гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП