17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал в понеделник ќе го престави Бенитез

Реал в понеделник ќе го престави Бенитез

рафа+99

Рафа Бенитез во понеделник ќе биде преставен како нов тренер на Реал Мадрид, тврди мадридскиот весник AS.

Според истиот извор, Бенитез ги договорил личните услови и дека до крајот на неделата ќе се преговара околу неколку работи, односно членовите на неговиот стручен штаб и работата на младинските школи.

Бенитез во Мадрид сака да го донесе кондициониот тренер на Наполи, Пако де Мигел, тренерот на голманите Чави Валеро и аналитичарот Антонио Гомез.

Шпанскиот тренер не сака да говори за неговиот трансфер во Реал, бидејќи се подготвува за неделниот натпревар со Лацио кој ќе реши дали Наполи наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Реал од понеделникот нема тренер откако Флорентино Перез му врачи отказ на Карло Анчелоти кој сезоната ја заврши без ниту еден трофеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП