17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖРК Вардар ја официјализира соработката со Дамјановиќ

ЖРК Вардар ја официјализира соработката со Дамјановиќ

damjanovic potpis

Српската ракометна репрезентативка Сања Дамјановиќ (28) ја официјализираше соработката со ЖРК Вардар и во наредните две години ќе го носи ’црвено-црниот’ дрес.

Дамјановиќ претходно настапуваше во дански Виборг и со оваа екипа ја има освоено двојната круна и титулата во Купот на победниците на куповите.

Сања Дамјановиќ настапува на позицијата лев и среден бек, а во кариерата има играно за Раднички Белград, Наиса, Зајечар, Крим, Подравка и Виборг.

Минатата година, новинарите ја избраа Дамјановиќ за најдобра ракометарка на Србија. Во Вардар Дамјановиќ ќе игра заедно со својата репрезентативна колешка Андреа Лекиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП