26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Мистер 10%“ ја разоткрил корупцијата во ФИФА

„Мистер 10%“ ја разоткрил корупцијата во ФИФА

Chuck Blazer

Поранешниот член на Извршниот комитет на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Чак Блејзер, познат и како „Мистер 10%“, е човекот кој помогнал да биде разоткриена корупцијата во ФИФА.

Шестмина високи функционери на оваа организација, по барање на обвинителството на САД, денеска беа уапсени во Цирих. Вкупниот број на уапсени во акцијата на швајцарската полиција изнесува 14 лица.

Блејзер пред четири години бил обвинет за примање на поткуп, поради што бил суспендиран, а поради процентот кој го добивал додека бил на чело на КОНКАКАФ го добил прекарот „Mr. 10%“.

Американските медиуми пренесуваат дека токму Блејзер бил човекот кој на Федералното истражно биро (ФБИ) му доставувал информации за манипулации и корупција, а според истите извори за време на состанокот со високи функционери за време на Олимписките игри во Лондон во 2012-та година тој бил озвучен и ги снимал разговорите.

Токму Блејзер е еден од ’најзаслужните’ што фудбалот во изминатата деценија стана бизнис во САД. Блејзер има недвижнини во Мајами и на Бахамите.

Минатата година му бил дијагоностициран рак на дебелото црево, поради што ја признал вината и се договорил со ФБИ да работи за нив.

Блејзер од 1996-та до 2013-та бил член на Извршниот комитет на ФИФА, а исто така во периодот од 1990-та до 2011-та ја обавувал функцијата генерален секретар на КОНКАКАФ. Во кариерата бил и Комесар на фудбалската лига на САД и извршен потпретседател на Фудбалската федерација на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП