21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПод знак прашалник Мундијалите во 2018-та и 2022-ра

Под знак прашалник Мундијалите во 2018-та и 2022-ра

rusija katar svetsko

Швајцарските власти објавија дека денеска отвориле истрага против поединци кои биле членови на Извршниот комитет на ФИФА во 2010-та година, кога Русија и Катар беа избрани за организатори на Светските првенства во 2018-та и 2022-ра година.

Од канцеларијата на швајцарскиот јавен обвинител соопштија дека се приведени 10 лица кои во 2010-та година биле членови на ИО на ФИФА и дека од седиштето на ФИФА биле запленети документи кои се наоѓале во нивните компјутери.

Истрагата која ја отворило американското FBI ги сомничи функционерите на ФИФА за перење пари, примање поткуп и рекетирање, како и за манипулации при гласањето за домаќин на СП во 2018-та и 2022-ра година.

Според швајцарските медиуми, она што се случува во нивната земја најмногу е поврзано со доделувањето на организацијата на СП во 2022-ра година, односно со обвинивањата дека по пат на корупција Катар го добил домаќинството.

Рускиот министер за спорт Виталиј Мутко веднаш негираше дека апсењата во Цирих се поврзани со руската кандидатура за добивање на домаќинството на Мундијалот во 2018-ра година. Од друга страна, од ФИФА одбија да ги коментираат наводите на швајцарското обвинителство.

Швајцарската полиција по барање на американските власти, во хотел во Цирих, во средата уапси шестмина високи функционери на ФИФА.

Уапсените се сомичат дека работеле коруптивно од раните 1990-ти години до денес, односно дека примале пари од компании чија дејност е промоција на спортот и дека имале разработени шеми за поткуп на функционери во ФИФА. Осомничените според FBI незаконски стекнале 100 милиони долари.

Меѓу уапсените се претседателот на Фудбалската федерација на Костарика Едуардо Ли, потоа Џефри Веб кој е актуелен потпретседател на ФИФА, Еугенио Фигурендо поранешен потпретседател на ФИФА и актуелен претседател на Фудбалската федерација на Уругвај и потпретседател на КОНМЕБОЛ, Џек Вернер поранешен потпретседател на ФИФА, функционер во Фудбалската федерација на Тринидад и Тобаго и претседател на КОНКАКАФ, како и Хулио Роча, Костас Такас, Рафел Ескуивел, Хосе Мариа Марин и Николас Леос.

Инаку членовите на ФИФА пристигнуваат во Цирих поради годишното собрание на кое актуелниот претседател ќе побара да му го доверат петтиот мандат. ФИФА соопшти дека по се она што и се случува на организацијата дека конгресот, кој е закажан за в петок, нема да биде одложен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП