10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига Европа: Четврта титула за Севилја или прва за Дњипро

Лига Европа: Четврта титула за Севилја или прва за Дњипро

liga evropa varsava

Фудбалерите на Севилја и Дњипро денеска на стадионот во Варшава (20:45 часот), ќе се борат за титулата во Лига Европа. Шпанскиот тим ја брани титулата и ќе се обиде четврти пат да стигне до трофејот, додека украинскиот Дњипро со самиот пласман во финалето го оствари најголемиот успех во клупската историја.

Севилја лани во финалето славеше над Бенфика, ја освои третата титула во ова натпреварување и застана рамо до рамо со Јувентус, Интер и Ливерпул, а доколку слави над Дњипро, тогаш тимот од Андалузија ќе стане европски рекордер во ова натпреварување.

Интересно Севилја трипати играла во финалето и никогаш не загубила (2006, 2007, 2014), Во Варшава ќе го одигра своето четврто финале.

„Атмосферата во тимот е сјајна. На почетокот на сезоната никој не помислуваше дека можеме да стигнеме далеку, дека ќе имаме можност да ја браниме титулата. Сега, кога сме тука, би излажал доколку речам дека не размислуваме за одбрана на титулата. Меѓутоа, катастрофална грешка е да се потцени Дњипро, тие не случајно се во финалето“, вели тренерот на Севилја, Унаи Емери.

Тренерот на екипата од Андалузија и оваа сезона направи голема работа, откако во летниот преоден рок остана без неколкумина важни играчи кои го напуштија тимот (Ракитиќ, Алберто Морено, Фацио, Пероти).

Дњипро европската авантура во сезоната 2014/2015 ја започна уште во август минатата година. Тогаш ’тесно’ го минаа сплитски Хајдук и ниту најголемите оптимисти не можеа да прогнозираат дека тимот може да го оствари својот најголем успех.

„Ова финале е подарок за нашите навивачи. Моралот кој го има овој тим е неуништлив. Тоа нé одржа и нé туркаше напред. Знаеме дека цела Украина ќе биде со нас“, рече дефанзивецот на Дњипро, Артем Федетски.

Украинците во Варшава допатуваа без Кравченко и Зозулија, додека кај Севилја ги нема голманот Бето и дефанзивецот Пареха.

Финалето има двојно значење за двата тима, бидејќи покрај титулата победникот ќе избори пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Веројатни состави:

Дњипро: Бојко – Матос, Чеберјачко, Даглас, Федетски – Федорчук, Канкава – Конопљанка, Ротан, Лучкевич – Селезњов

Севилја: Рико – Коке, Карико, Коло, Тремулинас – Кричовиак, Мбиа, Видал, Банега, Витоло – Карлос Бака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП