17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБенитез доаѓа на Бернабе следната недела

Бенитез доаѓа на Бернабе следната недела

836595854122

Рафаел Бенитез ќе биде именуван за нов тренер на Реал Мадрид наредната недела, односно откако во последното коло од италијанската лига ќе ја заврши својата работа во Наполи.

Бенитез се уште не потпишал договор со Реал, но преговорите се во завршна фаза, објавија во вторниот шпанските медиуми.

На почетокот на тренерската кариера го водеше Б тимот на Реал, потоа со Валенсија беше два пати првак на Шпанија и го освои Купот на Уефа. Во лето 2005 година премина во Ливерпул, каде мина шест години и ја освои Лигата на шампиони.

Потоа беше тренер на Интер и на Челзи, а од 2013 година го презеде Наполи, со кого минатата сезона го освои италијанскиот куп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП