6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВест Хем ќе игра во Европа како награда за „фер-плеј“

Вест Хем ќе игра во Европа како награда за „фер-плеј“

88858585

Англискиот фудбалски премиерлигаш Вест Хем наредната сезона ќе игра во квалификациите за Европа лигата, а тоа право го избори како најдобар тим на табелата за „фер-плеј“.

УЕФА секоја година врз основа на “фер плеј“ доделува три места во квалификациите за Европа лигата, а за наредната сезона тоа право го изборија Англија, Холандија и Република Ирска.

Вест Хем сезоната ја заврши на 12 -то место во Премиерлигата, но го освои првото место на тебелата за „фер-плеј“.

Лондонскиот клуб на овој начин доби право да игра во Европа по девет години.

Последен пат „чеканите“ патуваа преку Ламанш во сезоната 2006/07 кога испаднаа во првото коло од Купот на УЕФА од Палермо (0-1,0-3).

Воодушевени сме што клубот следната сезона ќе настапи во Европа. Играњето во Европа лигата за нас претставува предизвик“, порачаа сопствениците на клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП