5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКедира се договорил со Јувентус

Кедира се договорил со Јувентус

sami juve 00

Германскиот репрезентативец Сами Кедира ги договорил условите и наскоро се очекува да го официјализира трансферот во Јувентус. Кедира во редовите на италијанскиот шампион ќе се пресели како слободен играч, бидејќи му заврши договорот со Реал.

За трансферот да биде официјализиран ќе биде потребно Кедира да ги мине лекарските прегледи во Торино. Играчот од средниот ред изминатата година имаше доста проблеми со повредите, тој тврди дека бил целосно подготвен во пролетниот дел од првенството, но во Реал не доби шанса бидејќи одби да го продолжи договорот.

Инаку за Кедира интерес покажуваа и неколку англиски тимови, но и Шалке и Баерн Минхен. Според италијанските медиуми тој годишно ќе заработува пет милиони евра, колку што изнесуваат годишните примања на Тевез и Погба кои се најплатените играчи во тимот на Јувентус.

Доаѓањето на Кедира значи дека Артуро Видал ќе го напушти Јувентус. Следна дестинација на Чилеанецот ќе биде Арсенал кој за неговите услуги ќе плати 25 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП