18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакеда три години во РК Вардар

Македа три години во РК Вардар

makeda 300

Шпанскиот ракометен репрезентативец Хорхе Македа (27) потпиша тригодишен договор со Вардар. Македа во Скопје доаѓа од Нант, а трансферот значи дека Петриќ и Терзиќ ќе си заминат од клубот. Македа минутажата на позицијата десен бек ќе ја дели со Блаженко Лацковиќ.

„Со ангажирањето на Македа, ќе имаме уште посилна бековска линија, и искусен и докажан играч. Вардар се засили со играч кој зад себе има медали во репрезентативен дрес, со надеж дека заедно ќе ги исполниме и клупските планови. Македа останува во Вардар до јуни 2018-та година, а се надеваме и подолго. Со потпишувањето на Македа продолжуваат намерите на Вардар да создаде силен и респектибилен тим во Европа, изјавил за клупската интернет страница Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Македа е поранешен ракометар на Барселона, Алкобендас, Арагон и Нант, со репрезентацијата на Шпанија има светско злато од 2011-та година.

Шпанецот е четвртото засилување за следната сезона за Вардар по Дејан Манасков, Александар Деревен и Мијајло Марсениќ. Во меѓувреме клубот ги продолжи договорите и со Стојанче Стоилов, Алем Тоскиќ, Филип Лазаров, Матјаж Брумен и Алекс Душебаев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП