14 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДи Матео замина од Шалке

Ди Матео замина од Шалке

Roberto Di Matteo

Италијанскиот тренер Роберто ди Матео поднел оставка на тренерската функција во Шалке. Ди Матео објави дека заминува од клубот по неуспешниот состанок што го имал со главниот менаџер Хорст Хелд.

„Го преставив планот за наредната сезона и иако со Хелд секогаш сме имале конструктивни расправи, беше јасно дека клубот има поинакви приоритети. Ми стана јасно дека нов почеток ќе биде најдобро решение за двете страни и решив да поднесам оставка“, изјавил Ди Матео за официјалната интернат страница на клубот.

Ди Матео седум месеци го предводеше Шалке, тимот му пружи одличен отпор на Реал во осминафиналето во Лигата на шампионите, во еден дел од сезоната клубот беше на третото место во Бундеслигата, но поради лошиот финиш на сезоната Шалке заврши на шестото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП