ИНТЕРЕСНО

„Граѓаните“ ќе добијат понуда од 90 милиони евра за Агуеро!

kunce 30

Реал Мадрид има подготвено 90 милиони евра за аргентинската ѕвезда на Манчестер Сити и најдобриот голгетер на англиската Премиер лига за оваа сезона, Серхио Агуеро, соопштува „АС“.

За интересот на „кралскиот“ клуб кон 26-годишниот напаѓач се шпекулира веќе неколку преодни рокови. Шефот на „белите“, Флорентино Перез, пак е фан на Аргентинецот уште додека тој играше за Атлетико Мадрид.

По пропаднатата сезона без ниту една освоена титула и ослободувањето на Карло Анчелоти од тренерската позиција во Реал Мадрид, прво ќе се побара замена за италијанскиот стратег, а потоа и централен напаѓач.

Серхио Агуеро е во Манчестер од летото 2011-та година, а досега има 120 натпревари и 78 погодоци во англиската Премиер лига, во која стана најдобар голгетер во оваа сезона со 26 погодоци. За репрезентацијата на Аргентина има одиграно 60 средби и постигнал 23 погодоци.