21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСепак „кралевите“ ќе останат без својот омилен тренер!?

Сепак „кралевите“ ќе останат без својот омилен тренер!?

kralevi 00

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека ќе се повлече од фудбалот за една година, ако биде отпуштен од тренерската позиција во „кралскиот“ клуб. Италијанецот ќе дознае за својата иднина во следните неколку дена, а до крајот на договорот му останува уште една година.

Анчелоти најави дека ако биде отпуштен од Реал, тогаш тој нема да преземе друг клуб, туку ќе се одмори за период од 12 месеци. Стручњакот откри дека ќе се подложи на операција поради цервикална стеноза.

Името на италијанскиот стратег се споменува сериозно за враќање во Милан.

„Реков на прес-конференција и повторувам повторно: Ќе паузирам една година. Имам сериозна причина да го направам тоа“, коментира Анчелоти.

„Треба да ми се направи операција поради цервикална стеноза. Од пред извесно време таа засегна моите раце и ако изгубам уште време, може да влијае и на моите нозе, па веќе имам закажано операција. Не знам колку време нема да бидам физички подготвен поради постоперативниот период, кој вклучува и рехабилитација“, рече Анчелоти.

„За мене ќе ми биде задоволство да го пречекам Адријано Галијани на вечера, но не можам да ја менувам својата програма. Ќе се оперирам во Ванкувер, Канада, каде имам куќа. Ќе си одморам меѓу Мадрид и Канада, бидејќи верувајте ми, во последните две години во Реал беше многу тешко“, изјави тренерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП