21 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХал испадна од ПЛ, резил на Ливерпул

Хал испадна од ПЛ, резил на Ливерпул

JS64463592

Заврши сезоната во Премиер лигата, во која титулата ја освои Челзи, а покрај Бaрнли и КПР од лигата испадна и Хал. Последното коло го одбележа дебаклот на Ливерпул кој загуби од Стоук со 6-1.

Ливерпул на „Британија“ стадионот во Стоук доживеа вистински дебакл во натпревар кој немаше резултаски значај. Последниот натпревар во дресот на црвените го одигра Стивен Џерард кој беше стрелец на едниствениот гол за својот тим. Џерард кариерата ќе ја продолжи во ЛА Галакси.

Стоук на полувремето водеше со 5-0 што на Ливерпул последен пат му се случило пред 23 години на мечот со Ковентри.

По овој срамен пораз речиси сигурно е дека менаџерот Брендан Роџерс ќе добие отказ.

Отказ доби и Сем Алардајс чии Вест Хем загуби во Њукасл со 2-0. Њукасл со оваа победа обезбеди опстанок во лигата и ја забележа првата победа по 28 февруари.

Лига на шампиони: Челзи, Ман.Сити, Арсенал

Квалификации во ЛШ: Ман.Јунајтед

Лига Европа: Тотенхем, Ливерпул

Од Премиерлигата испаднаа: Хал, Брнли, КПР

Нови членови на Премиерлигата: Бормаут, Вотфорд и Мидлсбро или Норич

Резултати 38.коло:

Арсенал-ВБА 4:1

Астон Вила-Брнли 0:1

Челзи-Сандрленд 3:1

Кристал Палас-Свонси 1:0

Евертон-Тотенхем 0:1

Хал-Ман.Јунајтед 0:0

Лестер-КПР 5:1

Њукасл-Вест Хем 2:0

Стоук-Ливерпул 6:1

Ман.Сити-Саутемптон 2:0

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП