12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХет-трик на Розберг во Монте Карло, Хамилтон бесен на тимот

Хет-трик на Розберг во Монте Карло, Хамилтон бесен на тимот

niko-rosberg

Германецот Нико Розберг победи на трката за Големата награда на Монако. Розберг низ улиците на Монте Карло ја забележа третата победа во низа на најпрестижната трка во првенството на Формула 1.

Германецот трката ја започна од втората позиција, но поради нелогичниот потег на шефовите на Мерцедес тој заврши на првото место пред сонародникот Себастијан Фетел на Ферари и клупскиот колега Луис Хамилтон кој стартуваше од пол позицијата.

Хамилтон кој доминираше во квалификациите имаше сигурна предност се до 66-от круг кога поради инцидентот на Макс Верштапен на патеката се појави безбедносното возило. Тогаш од Мерцедес му наложија на Хамилтон да влезе во боксот на промена на пневматиците, што не го направија Розберг и Фетел. Британецот поради нелогичниот потег на својот тим заврши на третото место поради што по завршувањето на трката доби извинување од шефот на тимот Тото Вулф.

Покрај најдобрите тројца бодови во Монако освоија уште Квјат (Ред Бул), Рикардо (Ред Бул), Раиконен (Ферари), Перез (Форс Индија), Батон (Мекларен), Наср (Заубер), Саинц Јуниор (Торо Росо).

Наредната трка во првенството на Формула 1 ќе се вози на 6.јуни во Канада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП