27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackBerry ќе скратува работни места

BlackBerry ќе скратува работни места

blackberry_hq

Канадскиот производител на паметни телефони „BlackBerry“ ќе скратува работни места, откако го консолидира својот бизнис со софтвер, хардвер и апликации, но не прецизираат колку вработени ќе бидат отпуштени, соопштува „Ројтерс“.

Компанијата ги прераспределува ресурсите, за да ги искористи можностите за раст и да постигне профитабилност во сите свои деловни сегменти, изјави портпаролот на компанијата.

„BlackBerry“ која забележа пад од 16,8%  во кварталните приходи во март, има околу 6.225 вработени до февруари 2015-та.

Компанијата изјави минатиот месец дека размислува за затворање на канцелариите во Шведска – потег кој ќе доведе до губење на 100 работни места.

Акциите на „BlackBerry“ на берзата во Торонто поскапеле со повеќе од 62 отсто во последните 12 месеци, додека оние кои се тргуваат во Њујорк се зголемија за речиси 44 проценти во однос на истиот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП