3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФК Вардар демантира дека е сменет тренерот Андреев

ФК Вардар демантира дека е сменет тренерот Андреев

andreev 98

Новиот шампион на Македонија, фудбалскиот клуб Вардар, демантира дека со тренерот Сергеј Андреев бил договорен предвремен раскин на неговиот договор.

„Раководството на ФК Вардар остро ги демантира изнесените невистини во дел од медиумите во однос на промена на шефот на стручниот штаб Сергеј Андреев. Ве замолуваме да не се шпекулира со информации кои можат да го нарушат угледот и реномето на ФК Вардар. Во моментов клубот се подготвува за одигрување на последниот дуел во Кратово со екипата на Силкес и прослава на шампионската титула со своите фанови“, објави клубот на својата официјална интернет страница.

Сергеј Андреев на клупата на Вардар седна во февруари минатата година кога потпиша четиргодишен договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП