17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИлиевски ќе игра на Евробаскетот 2015

Илиевски ќе игра на Евробаскетот 2015

vlatko ilievski

Плејмејкерот на Цибона, Владо Илиевски, во интервју за загрепскиот весник „Спортске Новости“, најавил дека ќе игра за репрезентацијата на Македонија на Европското првенство.

Човекот кој ја постигна историската тројка во 2011 година на ЕП во Литванија со која Македонија избори пласман во полуфиналето, рекол дека селекторот Александар Џикиќ е причината поради кој решил да се врати од репрезентативната пензија.

„Ќе играм на ЕП, сакам да играм, да им помогнам на младите. Одлично го познавам селекторот Џикиќ уште од времето кога играв во Партизан, тоа е една од причините поради која решив да се вратам од пензија“, рекол Илиевски.

Искусниот плејмејкер ги повика Перо Антиќ и Тодор Гечевски да го следат неговиот пример и тие да му се приклучат на националниот тим.

„Се надевам дека мојот пример би можеле да го следат Антиќ и Чековски, со нив и со Предраг Самарџиски и Бојан Трајковски би имале исклучително квалитетна центарска линија. Очекувам добра пласман во групата која ќе ја играме во Загреб и пласман во наредната рунда“, дополнил Илиевски.

Македонија на ЕП ќе игра во Б групата во Загреб, а противници ќе и бидат Холандија, Грција, Хрватска, Словенија и Грузија. Првиот меч македонските кошаркари ќе го одиграат на 5-ти септември против Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП