18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОTuttosport: Михајловиќ две години во Наполи

Tuttosport: Михајловиќ две години во Наполи

sini mih

Тренерот на Сампдорија, Синиша Михајловиќ, ќе потпише двегодишен договор со Наполи вреден 5,6 милиони евра, пренесува „Tuttosport“.

Според истиот извор Михајловиќ веќе се договорил со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, а заедно со него во Неапол од Сампдорија ќе се преселат Лоренцо де Силвестри, Педро Обејанг и Роберто Соријано.

Српскиот стратег на клупата на Наполи ќе го наследи Рафаел Бенитез чие заминување, најверојатно во Реал, се очекува по завршувањето на сезоната.

Михајловиќ кон крајот на 2013 година ја презеде Сампдорија и тимот кој се бореше за опстанок го позиционира во горниот дел од табелата во Серија А.

Во текот на кариерата бил тренер на Болоња, Катанија, Фиорентина и репрезентацијата на Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП